2win800x200

Битола од памтивек имаше карневал, уште пред Струмичкиот и Прилепскиот, но не опстана, раскажува Папало

Јули 17, 2021

Од памтивек битолчани се маскирале за Прочка, вели познатиот битолски стопанственик Велчо Петровски-Папал.добар познавач на традициите во градот, кој во седумдесетите години бил еден од иницијаторите карневалот да добие организирана и масовна форма. Тој заедно со Пепи Балојани која тогаш ја водел туристичката агенција „Словенија турист“ одлучиле долгогодишната традиција што низ градот се изведувала индивидуално во маали или населби да ѝ дадат организира форма.

„Почнавме од 1978 година, во Организационот обор бевме јас и Пепи Балојани. Тогаш неговата туристичка агенција доделуваше награди за лицата кои ќе освоеја прва награда на карневалите што ги правевме. Настаните се одржуваа во Епинал, Домот на културата, Барот. Победникот одеше во Птуј, Словенија“, раскажува Папало..kjarneval w3

Услов за учество на карневалите што се одржувале за Прочка било присутните да се маскирани. Се облекувале во попови, папи, духови, маријачи, милицајци, пејачи и што уште не. Трите најкреативни идеи биле наградувани од жири комисија.

„Стигнавме до ситуации кога пријавени имаше толку многу што немаше каде да ги сместиме во рестораните. Тоа беа слатки маки, но душата ни беше полна зашто знаевме дека ја продолжуваме традицијата “, вели Петровски.karneval 3

Во тоа време постоеја големи компании во Битола кои го помагаа карневалот обезбедувајќи за најкреативно маскираните награди од нивни производи.

„Една година го извадивме карневалот низ градот, низ улиците, организиравме поворка во која учествуваа многу маскирани граѓани. Воедно се вклучија и ученици од битолските училишта маскирани според нивна креативна замисла. Поворката тргна од Магнолија, до Црн Мост, Васко Каранелевски, Партизанска. Имаше масовност и беше многу интересно“, вели Папало.karneval 4

Но, за жал, колку и да била долга традицијата, кај нас некако убавите работи кратко траат. Така и карневалот почнал да згаснува. Пропаднале големите фирми, а дел од малите не го поддржале. Папало со тага зборува за неостварената мисија, вели дека од маскембалот не можело да се заработуваа, па со битолскиот кабадајлук се уништил.

„Со текот на времето почнаа да згаснуваат интересите, донациите опаднаа. Ние кога правевме карневали, другите во земјава беа ништо. Ние од Битола имавме традиција уште пред Струмичкиот и Прилепскиот. Со меѓународната организација на карневали стапивме во контат да ја правиме цела работа во Битола пред Струмица, но не успеавме од причина што битолчани не сакаа да ги засукаат ракавите и да работат наместо да шетаат и згаснаа тие работи. Се прекина традицијата зашто ова се работи од кои не можеш да профитираш“, вели некогашниот организатор.karneval5

Последниот маскембал го направија во деведесетите години и оттогаш замре традицијата, како и многу други работи во Битола градска, конзулска, каде народот е посветен многу на традицијата, но денес само со пишување на фесјбук, а реко со покренување активности со кои ќе се зачува богатата историја.karneval 8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани