АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат во понавата историја се организираше атлетскиот камп „Нови Sвезди“ наменет за млади под 16 години кои во иднина ќе се идните македонски репрезентативни имиња. Настанот го организираше Атлетската Федерација на Македонија во хотелот Молика на Пелистер. Станува збор за категорија на млади кои немаат меѓународно искуство, па тренерите и федерацијата се обидуваат да го надполнат со работа на Пелистер.
- Во поновата историја, за првпат во организација на Атлетската федерација на Македонија се одржува камп за деца под 16 години поточно родени 2006 до 2010 година. На овој начин преку кампот сакаме да направиме подготовка за она што ќе ги очекува до година или пак во следните две години. Тренерите ќе имаат шанса да ги запознаат децата и нивните квалитети, истовремено и децата ќе имаат можности да работат квалитетно. Имаме попрогресивен пристап кон нивното подготување за настапите на репрезентацијата, ги пренесува импресиите Филип Колевски, потпрестедателот на АФМ, кој исто така ја има фунцијата на тренер.
На кампот во Молика се работеше во групи, а за сите млади се задолжени седум тренери, што пак доволно говори за посветеноста на оваа категорија на деца.
- Вклучени беа 23 деца, машки и женски, како и седум тренери кои работат со нив подолени во групи. Имаме група што работи повеќе специјализации , фрлачки скокачки дисцплини, спринт и средни патеки. Овој камп се надевам дека ќе постане пракса. Мора да продложи традицијата се со цел децата постепено да чекорат по вистинските патеки пред посериозни натпревари што ги очекуваат односно меѓународни натпревари за репрезентацијата, истакна потпретседателот Колевски.