2win800x200

Почнува изградбата на 400-киловолтниот далновод Битола – Елбасан

Август 29, 2021

Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид беше означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола – Елбасан, како дел од коридорот 8..  

Почнa изградбата на 400 киловолтниот далновот кој ќе ги поврзе Битола и албанскиот град Елбасан – последниот дел што недостига за комплетирање на електроенергетскиот коридор исток -запда, како дел од Коридорот 8.. станува збор за најголема инвестиција во преносниот систем, во вредност од 50 милиони евра, рече премиерот Заев на денешното поставување на камен темелникот за изградба на трансформаторска станица во близина на Охрид, која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот далекувод.

„Инвестицијата за овој капитален проект е од огромно регионално значење и изнесува 50 милиони евра. Станува збор за најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа во нашата земја. Изградбата на 400 KW интерконективен далековод значи комплетирање на коридорот 8 кој е составен сегмент од еден многу поголем и исклучително значаен проект.

Со комплетираењто на 400- киловолтниот далновод ќе се овозможи транзит на струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија до Италија. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека со оваа инвестиција се овозможува земјата да има своја берза за електрична енергија на регионално ниво со што во иднина ќе се постигнат подобри цени за граѓаните.

„Оваа инвестиција освен што ќе ја подобри сигурноста во снабдувањето на електрична енергија во нашата држава секако ќе даде дополнителна поддршка на сите трговци со електрична енергија во Македонија но не само и во соседните држави, да постигнат конкурентски цени а со тоа секако како регион ќе направи да бидеме поконкурентни на европско ниво.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека со ваквите проекти се праќа силна порака за домашните и странски инвеститори дека се создаваат солидни услови за работа што ќе придонесе за забрзување на економскиот раст на земјата.

„Сите овие вложувања придонесуваат за стабилност на електро-енергетскиот систем, за сигурност и за намалување на трошоците за одржување но и најважно поголема доверба на граѓаните и реалниот сектор за нашиот електро преносен енергетски систем. Инвестираме, се модернизираме и се поврзуваме со целиот Балкан и Европа.

Проектот се очекува да биде завршен во 2023 година, а опфаќа изградба на 400-киловолтниот далновод во должина од 97,4 километри, изградба на трансформаторска станица и изградба на 400-киловолтно далекуводно поле во трансформаторсата станица Битола 2.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани