АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владејачката СДСМ вечерва на Извршен одбор се очекува да ги објави имињата и на останатите кандидати за градоначалници, вклучително и за Битола.
Досега енигма и натаму беа кандидатите за Битола, Куманово, Струмица, Центар и Ѓорче Петров.
Генералниот секретар на партијата и министер за борба против корупција Љупчо Николовски неодамна изјави дека сите имиња ќе бидат познати најдоцна до 31 август.
И опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска објави дел од кандидатите за градоначалник во 10 општини, но не и за Битола. Од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека за Аеродром, Карпош и Битола ќе се знае за неколку дена..
Како кандидат за градоначалник на Општина Ресен, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери го подржуваат Јован Тозиевски. Којшто е вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во МЗШВ. Од СДСМ довербата за втор мандат ја доби актуелениот градоначалник Живко Гошаревски.