АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа Извршниот одбор на СДСМ ги утврди кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори, соопштија од партијата. Меѓу нив е и кандидатот за општина Битола.
„Утврдените кандидати како и другите одлуки од седницата на ИО ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Љупчо Николовски на прес конференција која ќе се одржи во седиштето на СДСМ со почеток во 16.30 часот“, најавија од СДСМ.
За тоа со кој кандидат ќе настапи СДСМ на локалните избори во Битола беше до крај неизвесно. Општина Битола остана меѓу последните за кои се одлучуваше кое ќе биде лицето со кое партијата ќе влезе во изборна трка во оваа општина. Исто така, ни од ВМРО-ДПМНЕ се уште неме соопштено кој ќе им биде кандидатот.