АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бизнисменот од областа на осигурувањето Христо Кондовски ќе биде новиот кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола за престојните локални избори.
„Еден од најпознатите стопанственици, бизнисмени во општината, упешен човек, менаџер, кој своето познавање и искустава ги става на располагање на граѓаните на Битола, човек кој има широка поддршка од повеќе политички субјекти и надвор од коаlицијата ‘Можеме’, од граѓаните. Кондовски води на сите можни анкети направени изминатите месеци во градот. Од граѓаните анкетите потврдуваат сигурна победа на Христо за Битола. Кондовски води на сите можни анкети, во градот СДСМ има предност пред ВМРО-ДПМНЕ на сите теренски истражувања што е една од причините за проблемите што ги има општинскиот комитет од опозицијата за неможноста да состават листа во Битола“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ на денешната прес конференција.
Кондовски е еден од сопствениците на СН Осигурителен брокер Битола, како и акционер во повеќе друштва. Оваа компанија помогна во опремувањето на неколку вакцинални пунктови, меѓу кои и оној во Битола, а додели и спонзорство од половина милион денари на фудбалскиот клуб „Пелистер“ за да ги надмини финансиските проблеми.