АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанец е 28 годишниот починат донор , чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Момчето загинало во сообраќајна несреќа. Битолчани на социјалните мрежи веќе се збогуваат со него и пишуваат дека вака продолжуваат да живеат хероите.
Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на др Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор. Тимовите на др Сотир Ставридис и др Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28 годишнен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22 годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови. Инаку се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.