2win800x200

Реконструирана спортската сала во Битола во енергетски ефикасен објект, опфатен и покривот кој прокапуваше

Септември 03, 2021

Реконструиран е покривот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, еден од капиталните спортски објекти во градот, стар четириесетина година, кој долго време прокапуваше, а направени се и други реконструктивни зафати со што објектот прераснува во енергетски ефикасен.

„Преку проектот Бенефит, во овој објект се успеа да се препокрие покривот во гласната сала, да се изолира табанот во главната сала , да се препокрие дел од нискиот дел од салата и да се заменат таваниците во нискиот дел од салата, во делови од ходниците и да се заменат светилките во нискиот дел со енергеткси ефинасни светилки и во ходниците“, рече Наташа Лукиќ, менаџер на прокетот Бенефит.

Променети се и таваниците со енергетски ефикасни во ходниците, поставена е нова енергетски ефикасна дограма. Предвидено е и вградување на филтер во котелот за биомаса. Со ваквите реконструктивни зафати енергетската ефикасност на спортската сала се зголеми за три класи. Од буџетот на проектот кој изнесува 1,1 милион евра, 392 700 евра беа наменети за проекти активности на Општина Битола, а за салата околу 297 000 евра директни инвестиции. Реконструктивните зафати продолжуваат до октомври 241197256 521683975591577 7570656001306129001 n

241362486 1948556948646378 6746850350726092613 n

241485754 1516968541983067 1106211102837908230 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани