2win800x200

Петровска : „Посакувам граѓаните да го одберат она што сметаат дека е најдобар продолжеток на чесното и домаќинско работење“

Септември 08, 2021

До последниот ден од мојот ангажман како градоначалник ќе се залгам да го дадам својот оптимум, максимум за исполнување на своите работни задачи во интерес на граѓаните на општина Битола, на оние кои ми ја дадоа довербата. Тоа е мојата животна филозофија на која би сакала да надоградам дека и како човек живеев и живеам со филозофија на алтернативи. Себеси се гледам како човек кој е дел од овој град и кој со своето понатамошно работење и творење, интелектуализам ќе даде сериозен придонес во она што значи давање на себеси, поради себе, децата и сите сограѓани, рече градоначалничката Наташа Петровска на прашањето како го коментира тоа што не ѝ беше дадена можност да се избори за втор градоначалнички мандат.

„Посакувам успешна и фер кампања во која граѓаните ќе имаат можност да ги запознат кандидатите и да ги одберат она што чинат дека е најдобро како продолжеток на домакинското и чесно работење , работењето кое беше независно во делот на она како ја креирате и држите својата визија за вредностите за кои треба да се залагаме и им значат на нашите сограѓани. Посакувам на денот на изборите да победи демократијата“, рече Петровска.

Ова беше прво нејзино ображање до јавноста по одлуката на партијата да го кандидира Христо Кондовски за градоначалник на СДСМ за Битола. Кондовски денес беше присутен на церемонијата на полагање цвеќе пред Споменикот на НОБ во Битола, како дел од делегацијата на СДСМ. Тие двајцата се поздравија пред почетокот на церемонијата. 241635388 887168195245291 3379982164681334946 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани