2win800x200

„Нечиста крв“ игра во Битола, а на почетокот на октомври доаѓа новиот Бонд 007

Септември 28, 2021

Од среда во 3Д киното при Центарот за култура во Битола започнува прикажувањето на српскиот филм „Нечиста крв-гребот на предците“ работен по делата на познатиот српски романсиер, најдобриот сликар со зборови на старото Врање, Бора Станковиќ.

Прокециите на филмот ќе бидат од 29.09-01.10.2021 со почеток во 20 часот во 3Д кино Битола. Филмот го следи Трифун угледен српски трговец, кој се обидува да го зачува мирот со турските власти, но и да го одржи својот углед во Врање – важен турски град во близина на ослободена Србија. Додека Трифун ги подготвува своите два сина да го наследат на позиција водичи меѓу српскиот народ, турските бегови му прават проблеми.

Во филмот улогите ги толкуваат познатите актери од соседството Драган Бјелогрлиќ, Анџела Јовановиќ, Катарина Радивојевиќ, Феџа Штукан , Нела Михајловиќ и други, а режијата е на Милутин Петровиќ.

Покрај српскиот филмски хит, наскоро во битолското кино доаѓа и светски познатиот „Нема време да умрам“. По Светска премиера на новиот Бонд 007 во Лондон, во познатиот Ројал Алберт Хол, на 7 октомври, само една недела по светската премиера на новиот филм за британскиот агент Џејмс Бонд „Нема време да умрам“, ќе се прикаже во 3Д киното во Битола.

Задолжително е почитувањето на Ковид 19 протоколите, прикажување на сертификат за вакцинација или прележан ковид во последните 45 денови, дезинфекција, држење дистанца.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани