30 години Папал дизајн

Септември 24, 2021

Реномираната битолска фирма „Папал дизајн “ годинава слави јубилеј од 30 години посветена, кративна, оригинална и уметничка дејност. Брендот на оваа фирма стои зад најголемиот број на светлечки реклами во Битола. Кој не знае за Папал дизајн не е битолчанец. Тие меѓу првите го пробиваа пазарот во аранжирање на излози и изработка на најразлични светлечки реклами. Едни се од ретките компании кои успеаја и покрај сите економски транзиции и премрежија во земјава да опстојат и до денес да бидат пример за квалитет и континуитет во работењето, како и да останат лидери во нивната дејност.

Тридецениската традиција ќе ја прослават со бизнис партнерите и пријателите на 19 октомври во 12 часот пред нивните канцеларии во улицата кај Ѕвончарите. Фирмата ПАПАЛ Дизајн е формирана во 1991година. Основач на фирмата e Велчо Петровски - ПАПАЛ кој работеше во фирмите Задругар, Нова Трговија и Јавор како аранжер на излозите на објектите. Патеките кои ги испиша во македонското претпримеништво, во изминатите 30 години, се годрост на Битола и доказ дека и во Битола може да се води успешен бизнис по кој ќе бидете препознатливи во градот.

30g. Papal Dizajn

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани