Еден се пишманеше, на крај сите шест кандидати за градоначалник на Битола го потпишаа кодексот за фер и демократски избори

Септември 24, 2021

Кандидатот за градоначалник на Битола, од партијата Демократи, Јорго Огненовски, најпрво одби да го потпише Кодесктот за фер и демократски избори на 6 кандидати кои ќе ги одмерат силите на овие локални избори. По натегањето дали да го стави својот потпис или не во просториите на Општинската избрна комисија, Огненовски сепак го потпиша Кодексот.

-Јас ќе го потпишам за моја заштита, затоа што можат да ме исклучат, и да нема закон ќе најдат начин. Јас не носам ниту наочари, па не можев да го прочитам што ќе потпишам, рече Огненовски.

Претходно за медиумите рече дека одбива да го потпише Кодексот, а потоа побара да се повлече изјавата во која образложи дека не го потпишува  затоа што неговите кандидати за советници и градоначалници низ повеќе градови, трпеле притисоци од владеачката партија, но и од други партии, регираше за парите кои ги добиваат за реклама помалите партии, како и  времето отстапено  во медиумите.  Тој ја одби поканата на кандидатот на СДСМ Христо Кондовски за заедничко кафе пиење.

-Не би седнал со мојот противкандидат никогаш, затоа што не го ценам, не знам кој е што е , затоа што најверојатно доаѓа од партија која 30 години ја разнебитуваше Битола. Јас сум човек, не сум политичар, а се занимвма со политика, затоа што не можам да го гледам ова уништување од страна. Нема да седнам да пијам кафе со нив, тие се противници на Демократи, противници на граѓаните. Нека си седат со тие другите што се договараат и можеби си делат во иднина гласови, додаде Огненовски.

Другите кандидати, Христо Кондовски, од СДСМ, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМЕН, Горан Милевски од ЛДП, Горан Тасковски, од Македонска ера трета и независниот кандидат Зоран Лазаревски-Паљо, откако го потпишаа Кодексот, заедно седнаа да испијат кафе. Претходно и во изјави за медиумите се обврзаа на фер и коректни избори.

-Потпишувањето на кодексот само ја потенцира нашата обврска да се однесуваме фер и демократски на овие избори. Какво однесување имаме во кампањата сметам дека ја отсликува сликата како ќе ја водиме општината. Сметам дека кампањата и водењето на општината треба да биде со проекти, идеи и уверување на граѓаните колку можеме да ги оствариме. Јас ги поканив противкандидати на кафе, таа понуда е отворена. Нека победи подобриот, реч Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ

-Од моја страна и како човек и како кандидат кој влегува во оваа трка, согласен сум на сите овие правила кои пропишува ДИК и тоа секако е предузлов за мене, да ги споиме луѓето, а не да прaвиме поделби. Се надевам дека од тука ќе тргнеме во една демократска, цивилизирана, ненаметлива кампања која сите ќе не спои. Доста е делби и омраза, да ги почитуваме правилата, па подобриот нека победи. Ја прифатив поканата да седнеме на кафе сите заедно. Треба да разговараме, треба да влеземе во фер и коректна борба која Битола ја заслужува, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМЕН, Тони Коњановски.

-Се што сум работел сум се залагал да биде како што треба, без оглед на која функција сум бил, секогаш било фер и така како што доликува. Очекувам фер и демократски избри, сите кандидати да ги почитуваме правилата. Ова е Битола, секогаш било културно, никогаш немало негативности, сите кандидати се познавам, пријатели сме, тоа е една предност. Ја прифатив поканата за пиење кафе, тоа е нормално, ние не сме непријатели, туку само политички противници, рече Горан Тасковски, од партијата Македонска ера трета

-Тука сме сите кандидати да го потпишеме овој кодекс, иако ништо не значи ако остане само парче хартија. Ние и без да го потпишеме кажавме дека ќе водиме позитивна кампања, ќе си ги промовираме нашите проекти, нема да се занимаваме со останатите кандидати, се надевам дека и другите така ќе се однесуваат. Досега сум сведок на многу изборни циклуси, се потишувале вакви декларации, но сите си работеле по нивно, се крешел законот, имало црна кампња. Со сите противкандидати се знаеме цел живот, не можам да бидам друг во оваа кампања, да ги напаѓам во овие 20 дена, а потоа 15 октомври пак да е дружам со нив. Не пијам кафе, но ќе се напијам чај, не е проблем да се седнеме, да се дружиме и да поразговараме, рече Горан Милевски, кандидат за градоначалник на ЛДП и ДОМ.

-Ова е паметна идеја. Правилно е и треба да се потпише овој кодекс за фер и демократски избпри. Јас како и секогаш ќе водам позитивна кампања, укажувам само на тоа дека се е исто 30 години, и потребни се промени. Јас кога се осамостои Македонија имав 30 години, сега имам 60, не знам дали имаме уште време за чекање за да се направи некоја промена. Ова е последна шанска. Поканата за кафе ја прифатив, немам ништо против кандидатите, ние сме битолчани, се знаеме, отворен сум за соработка, рече Зоран Лазаревски-Паљо.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани