АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Десестици битолчани се вклучија во 61-та вело критична маса со мото „Од новата гарнитура сакаме вело инстраструктура“. Од мали деца, до возрасни битолчани на точаци возеа тура низ градот со цел да ја подигнат свеста за користрење на волосипеди, но и да побараат изградба на велосипедска инфраструктура од идната локална власт.
Меѓу битолчаните беа и неколкумина од кандидатите за градоначалници на Битола, и тоа Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Горан Таскоски од „Македонска ера трета“. Тие ги слушнаа барањата на „Битола на точак“ кои на разглас беа прочитани пред сите присутни.
„Пораката е недвосмислена- Битола вело град во еден мандат- проект кој треба да се реазлизира. Инфраструктура која е далеку поодржлива, поекономична за разлика од инфраструктурата за автомобили која за жал, во Битола има ексклузивитет. Сакаме во иднина да се реализираат проекти кои ќе донесат поздрава животна средина и почист воздух. Град во кој жители ќе бидат луѓето, а не автомобилите, тоа подразбира дека тротоарите треба да бидат на пешаците“, рече Драган Вељанов од „Земи здив“.
Тој уште посочи дека политичарите треба со личен пример да ја јакнат јавната свест за користење на еколошки и економични транспортни средства. И на претходни вакви настани одредени политички фигури се појавувале, но работите потоа не се промениле. „Ова е 61 критична маса, ние сме тука долги години, а актерите се менуваат пред и после извори, но сепак важно ни е да се упати јавна порака што очекуваме од идната гарнитура, а сето тоа во интерес на граѓаните“, рече Вељанов.