АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓанската иницијатива „ Битола на точак“ во соработка со Платформа „Земи здив“ во четврток, 23.09.2021 во 18:00 часот од Плоштад Магнолија ја вози Критична Маса #61 на тема „Од новата гарнитура сакаме вело инфраструктура“. Настанот има за цел да ја подигне јавната свест во Битола за урбаниот транспорт со фокус на користењето на точакот како одржлива и незагадувачка форма на транспорт.
Воедно настанот апелира до кандидатите за носители на функции на претстојните локални избори за нова поинаква и похрабра визија за инвестирање во безбедност на ранливите категории учесници во сообраќајот т.е. граѓаните кои се движат пешки, наточак, родители со колички, деца самостојно, лиза со физичка попреченост и др.
Апелираат поконкретно за:
Точка 1. БУЏЕТ. ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА - ПРИОРИТЕТ ЗА ТРОШЕЊЕ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ. Посебни ставки во буџетот за зелен, незагадувачки, здрав превоз.
Точка 2: ГРАД КАДЕ ЖИТЕЛИ СО ПРАВА СЕ ЛУЃЕТО, А НЕ АВТОМОБИЛИТЕ. Тротоарите се за пешаците, патеките за велосипедистите, а не за паркирање.
Точка 3. ГРАД БЕЗ ЖРТВИ ОД СООБРАЌАЈ. Безбедни улици за децата, постарите, пешаците, велосипедистите, ранливите.
Точка 4. НАМАЛУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ГУЖВИ И ХАОСОТ. Обезбедување простор за различни типови сообраќај.
Точка 5. ЧИСТ СООБРАЌАЈ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ И ЗДРАВИ ГРАЃАНИ. Еко-свесно планирање, за квалитетот на живот на луѓето и животната средина.
Точка 6. СЕОПФАТНА ГРАДСКА ВЕЛОСИПЕДСКА МРЕЖА. На точак од било која точка А до точка Б по велосипедски патеки.
Точка 7. ДУПКА; ВИСОК РАБНИК, КОНТЕЈНЕР НА ПАТЕКА = МИНАТО. Креирање ефикасен систем за пријавување и решавање на инфраструктурните проблеми.
Точка 8. БЕЗБЕДНИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРКИНЗИ ДОСТАПНИ НАСЕКАДЕ. Задолжителни паркинзи за секој објект и јавен простор.
Точка 9. ЕДЕН ДЕН ВО МЕСЕЦОТ БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ГРАД БЕЗ АВТОМОБИЛИ! Улиците за автомобили еднаш месечно ќе бидат место за возење точак, џогирање, детска игра и слободни активности.
Точка 10. ЛИЧЕН ПРИМЕР. ЌЕ ТРГНЕМЕ ОД СЕБЕ ВО ПРОМЕНАТА НА ГРАДОТ. Градската администрација на работа пеш, со точак или јавен превоз.