АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола на точак со 62 протестен собир кој се одржа со возење велосипеди низ градските улици побара изградба на велоинфраструктура.
„Не“ за сите општински пари за транспорт да одат за асфалт во градот
„Да се поттикнува пешачење и возењето велосипеди, се со цел да се намали моторизацијата на Битола , а не сите пари од градскиот буџет за транспорт да одат во замена на асфалтот, односно во поттикнување на моторизран сообраќај. Денес во градот имаме 30 000 возила, не зголемување на паркинг места, туку намалување на потребата за возила. За град со пречник 4 километри е докажано дека велосипедскиот превоз е најбрз, рече Виктор Илиев од иницијативата „Битола на точак“
„8 години Битола на точак- 0 километри велоинфраструктура“.
Доцниме многу години со инвестирање во велоинфраструктура. Нашите напори се да ја поттикнеме Општината за еден похрабар чекор. Осум години постои иницијативата, промени има, позитивни придвижувања има, кога почнавме имаше потсмев во Општината, а денес стигнавме да имаме консензус меѓу сите политички фактори во Советот , има волја, но бараме да се најде и начин и буџет за да се следи тоа, вели Илиев.
Можно ли е Битола велоград во еден мандат?
За велоград да ја биде во еден мандат не сме толку сигурни, но она што очекуваме е во овој мандат е да се почне на терен со работа, а не да завршиме со сообраќајни проекти, студии, одговори Илиев.