АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Облечени по фустани, високи потпетици, шапки, венчиња од цветови, па дури и вратоврски, битолчани дотерани возеа точаци. Тие беа дел од настанот 51-ва критична маса „Дотерани на точак“ чиј повик беше „Да возиме како прави дами и господа“. На велотурата се придружија неколку стотици битолчани, а велосипедската дружба започна од плоштадот Магнолија, се одвиваше низ градските улици и заврши во Бар чаршија.
Целта беше да се упати порака против сите стереотипи кои се поврзани со возењето точак, и тоа, дека тој е само за луѓето од пониските социјални слоеви, дека се вози облечен по тренерки, дека луѓето не ги личи да се дотераат и да си одат на работа на точак секојдневно, дека не е кул да се оди на училиште на точак во најновите алишта, дека не може да се вози со фустан, со штикла.
„Граѓаните да не се гледаат на точакот само како на средство за рекреација, возење по тренерки надвор од градот, во природа, туку да се користи активно како најбрзото средство за превоз за локален транспорт, за на работа, за одење на училиште, на факултет“, рече Виктор Илиев од граѓанската иницијатива „Битола на точак“.
Кон локалните институции беше упатена пораката да престанат точакот да го третираат само како средство за рекреација и да ги тераат граѓаните да возат надвор од градот, туку да го сметаат како средство за алтернативен транспорт која може доста да придонесе заедно со јавниот превоз во намалување на сообраќајниот метеж. Беше упатена и порака да се изгради соодветна и безбедна вело инстраструктура.
Според истражувањата, само 20 проценти од битолчани одат дотерани на велосипед на работа. Од политичарите, раководителите, директорите, советниците беше кажано дека само неколкумина советници одат до Советот на велосипед.