2win800x200

Техничкото училиште во нов сјај, следува и комплетна реконструкција на фасадата

Септември 23, 2021

 Средното техничко училиште во Битола оваа учебна година ја започна со нов лик и  во речиси комплетно реновиран објект после 40 години, со исклучително значајни реконструкции кои овозможуваат високи стандарди за образование и следење на наставата. По внатрешната комплетна реконструкција сега стасаа нови најави од МОН за  обнова на фасадата во 2022 година со што ова школо ќе биде целосно обновено, како ниедно друго училиште во градот. Директорот на училиштето Владимир Роме вели дека во изминатиот период и постигнатиот резултат покажале грижа и понудиле услови за високопрофесионална работа на вработените и одвивање на наставата.

-Имам чест денеска да ги угостам министерката Царовска и градоначалничката Петровска, двете личности кои најмногу помогнаа за нашето училиште да го има овој сјај и овој рејтинг кој сега го имаме ние. Четири години со ред за време на мојот мандат, имаме постојан пораст на бројот на ученици, годинава имаме преку 825 ученици. Во прва година имаме 10 паралелки првпат поголем број на паралелки и за прв пат тригодишно образование во соработка со МОН, односно стипендирано и спонзорирано од самото министерство. Ова е мотив плус за идните ученици да го одберат ова занимање. Градот и државата имаат недостиг од занимања кои се основни за функционирање на општеството, рече Владимир Роме директор на средното Техничко училиште во Битола на средбата со министерката Царовска и градоначалничката Петровска.

За новот лик на Техничкото училиште значајни финансиски средства беа дадени од општина Битола. Градоначалничката Наташа  Петровска рече дека во основните училишта се вложени над 420 илјади евра само оваа година, средства од буџетот на општината. Додека пак во средните училишта се вложени на 840 илјади евра. 

-Конкретно во Техничкото училиште во сите активности кои што се преземени во изминатите години се вложени над 400 илјади евра. Односно над 270 илјади евра се вложени директно од буџетот на Општина  Битола. Ова само потврдува дека во образованите институции имаме далеку поинаква  и покомотна состојба и подобра кондиција од се она што се случувало во изминатиот период пред моето доаѓање како градоначалник. Нема подобар начин за одржување на една нација и држава од влогот во образованието, покажавме дека тоа умееме да го направиме на вистинскиот начин и да дадеме перспектива за идните генерации, рече Петровска.  

Министерката Царовска задоволна од постигнатите резултати во битолското образование рече дека за Битола до пред 4 години се зборуваше за задолжени училишта кои немаа просперитет и немаше креди во истите, а денеска зборуваме за училишта во кои што се вложува, се реконстрирани и се зголемува бројот на ученици. 

-Во техничкото училиште отворивме дуални парарелки и тригодишна парарелка, тие се наполнија со ученици и учениците се задоволни од тоа што го добиваат како образование и како пракса, рече министерката Царовска. 

    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани