2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Аманет на Петровска до идниот градоначалник- возилото да остане за транспорт на лицата со попреченост, а трошоците да ги плаќа Општината

Октомври 20, 2021

Денес во функција после регистрацијата беше ставено општинското возилото за лицата со потешкотии во движењето и со него тие беа однесени на кратка екскурзија во Хераклеја. Возилото е во сопственост на Општина Битола , а градоначалничката Наташа Петровска рече дека остава аманет до идниот градоначалник ова превозно средство да остане во функција на лицата со потешкотии, а Општина Битола имајќи ја во предвид финансиската стабилност, целосно да ги покрива трошоците за транспорт, сеедно дали станува збор за превоз до Дневниот центар, здравствена институција или за екскурзија.

Денес со ова возило Хераклеја ја посети група од Дневниот центар за лица со попреченост во Битола, како и членови на здруженија на лица со попреченост.траспорт

„Идејата за ова возило се јави на првиот форум организиран од Швајцарската амбасада, Општина Битола и граѓанскиот сектор. Како вработен во Центарот за социјална работа и како лице кое работи со оваа категорија граѓани, ја дадов идејата да се набави вакво возило, за лица со посебни потреби, за да се олесни пристапот до Дневниот центар, во општината и надвор од општината, по што се реализираше проектот. Сега можеме да ги видиме насмеани лицата на овие деца, кои можат да излезат надвор од своите домови и од дневниот центар“, истакна Денис Алилоски, вработен во ЦСР Битола.

Општинското возило наменето за лицата со попреченост беше набавено преку програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и проектот „Зајакнување на општинските совети“.

„Секоја локална самоуправа е должна своите политики да ги трасира по патеки кои што даваат практики, а се во функција на граѓаните, особено кога станува збор за ранливата категорија граѓани. Во изминатиот период Општина Битола изврши мапирање со сериозен пристап на потребите на граѓаните од ранлива категорија и врз база на тие мапирања ги трасираше политиките во изминатите четири години. Денес, во реална функција после регистрацијата е ставено возилото за лицата со потешкотии во движењето и изведуваме една кратка екскурзија во Хераклеја, каде што исто така приодот е подобрен за лица со потешкотии во движењето“, рече градоначалничката Наташа Петровска.Петровска потсети дека во нејзиниот мандат Општина Битола на 17 места изврши подобрување на тротоарскиот пристап за лицата со потешкотии во движењето, извршено е подобрување до пристапот на Дневниот центар. Во општинската зграда поставен е лифт и извршена адаптација на тоалетите за инвалидизирани лица. Дадени се средства и до граѓаните кои што олеснија инфраструктурно пристапот до домовите и направија внатрешни адаптации. Во две градинки и две основни училишта направени се инклузивни паркови, а во самите училишта се изведени инфраструктурни зафати за оваа категорија.транс

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани