2win800x200

Импресивни дела на ликовниот уметник Драган Најденовски до 29 октомври поставени во Центар за култура Битола

Октомври 22, 2021
Синоќа во фоајето на Центар за култура Битола поставена е  изложбата на нашиот ликовен уметник Драган Најденовски, насловена "Од ливадата на музите" - ПРЕДЕЛИ.
Пределите на Најденовски, насликани на модерен начин и стил препознатлив за авторот, може да се видат секој ден од 14 до 21 часот, до 29.10.2021 (петок).
-Човекот го има Бог, а уметникот својата муза. Драган Најденовски е уметник благословен да создава и твори на ливадата на музите, како што и ја нарече својата изложба, која ја отвораме во Центарот за култура и ја посветуваме на роденденскиот месец . Неговиот уметнички опус е толку голем и фасцинантен, што навистина е огромна чест што ја прифати поканата да биде дел од програмата на Центарот за култура за 2021 година. Драган е еден од ретките уметници, кој полнокрвно и страсно живее за уметноста и тоа го пресликува и во неговите дела полни со бои на животот, рече директорката на Центарот за култура во Битола – Маја Андоновска – Илиевски .
Драган Најденовски на отворањето рече дека изложбата има необичен наслов “Ливадата на музите“, а додаде дека има и работен наслов “Предели 2020/2021“. Изложбата, како рече, му е посебна значајни бидејќи е прва по периодот на пандемијата кога уметоците можеа само да творат, а не и да ги изложуваат своите дела на изложби, а и како е работниот наслов на изложбата делата кои изложени се направени токму во тој период.
Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре
Можеби е уметничко дело на 3 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можеби е уметничко дело на 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можеби е уметност
Можеби е уметност
Можеби е уметничко дело на внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани