АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола излезноста во вториот круг за избор на градоначалник годинава е поголема дури и од онаа во 2017 година. Според податоци од Државната изборна комисија, до 13 часот излезноста на битолчани беше 32 проценти, а пред четири години беше 28,86 проценти. Во однос на првиот круг на овие локални избори излезноста сега е поголема за над седум проценти. Битола во втор круг избира градоначалник, а во 2017 година изборот го направи во првиот круг.