2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Изборот на нови луѓе во АВМУ и МРТ во застој две години

Ноември 22, 2021

Иако обидите за избор на нови членови и на Советот на Агенцијата и за Програмскиот совет на МРТ траат од 2019 година, и покрај два распишани конкурса од страна на Собранието на РСМ, двете институции сѐ уште функционираат со стариот состав на луѓе.Ова, меѓу другото, се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

Состојбата со отстапките во законското финансирање за радиодифузијата во целина упатува на заклучок дека извршната власт во државата не сторила доволно за независноста на МРТ. И според заклучоците од фокус-групата и според согледувањата на ЕУ, МРТ не е ниту политички ниту финансиски независна за да може да ја извршува својата функција.

Тоа се случува и со АВМУ од две причини – поради тоа што средствата што се одвојуваат од буџетот за радиодифузијата се однесуваат и на АВМУ (6,5 отсто од сите пари издвоени за радиодифузната дејност), но и поради тоа што ниту за МРТ ниту за АВМУ не беа спроведени законските измени за избор на нови членови и на Советот на Агенцијата и за Програмскиот совет на МРТ.

Иако обидите траат од 2019 година, и покрај два распишани конкурса од страна на Собранието на РСМ, двете институции сѐ уште функционираат со стариот состав на луѓе. По првиот конкурс кој не се спроведе во дело во 2019 година, власта се фокусира на обвинување дека тоа намерно го кочи опозициската партија, бидејќи тогашниот пратеник од главната опозициска партија Илија Димовски беше претседател на Комисијата за избори и именувања и намерно не ја свикувал за да профитира партијата со старите членови во двете институции, за кои во јавноста се смета дека се под партиско влијание на опозицијата. Но, во меѓувреме, се спроведоа вонредни парламентарни избори во 2020 година, се избра нов состав на Собранието, се распиша нов конкурс, претседател на Комисијата за избори и именувања е од партијата на власта, па, сепак, процедурата сѐ уште е заглавена само на пријавите на десетиците кандидати што решиле да учествуваат на конкурсите.

Фокус-групата е децидна дека постои недостиг од политичка волја за спроведување на реформите во овој сегмент. Еден од експертите во фокус-групата дури е уверен дека и овој конкурс може да пропадне, „затоа што партиите на власт и во опозиција, веројатно, не се сѐ уште задоволни од имињата на кандидатите што се пријавиле, а крајната цел би била да се пријават што помалку експерти и независни кандидати, а што повеќе кандидати што би биле под контрола на политичките партии“.

На сличен заклучок упатува и друг експерт од фокус-групата, кој на истото прашање (за недоволната финансиска поддршка на МРТ и за закоченоста на изборот за нови членови на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на АВМУ), изјави дека „тоа се толку нелогични и непродуктивни потези, што дури наведуваат на прашање дали постои скриен договор на власта и опозицијата“, таквата нерешена состојба да трае што подолго како најопортунистичко решение и за двете политички страни.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани