АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пеце Матевски е поставен за прв човек на РЕК Битола, на позиција која досега ја извршуваше Златко Ќурчиевски. Матевски засега е вршител на должност, потврдуваат од ЕСМ за Апла.мк, тој досега беше директор на термоелектрани. Деновиве има нови кадровски смени во РЕК Битола за што очекуваме подетални информации од ЕСМ.
-На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопштија од ЕСМ.
Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.
Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.