2win800x200

Започна со 4 вработени, а денес е најголем брокер на пазарот на осигурување – СН Осигурителен Брокер овој декември одбележува 7 години постоење

Декември 03, 2021

СН Oсигурителен брокер АД Битола овој декември одбележува7 години од основањето, период во кој компанијата се искачи и задржа на лидерската позиција меѓу брокерските друштва во државата.

Успешната приказна на СН Осигурителен Брокер АД Битола започнa на самиот крај на 2014 година, предводена од Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски како извршни директори на СН Осигурителен брокер АД Битола, а поддржана од страна на уште пет акционери, докажани претприемачи во областите во кои работат.

Резултатите во изминатите седум години покажуваат дека компанијата „чекори“ во вистинска насока, оценуваат првите луѓе на СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Од формирањето до денес компанијата бележи континуиран раст. Во овие 7 години низ целата територија на државата се отворија 40 подружници со мрежа од 134 вработени, професионалци од различни области, со што „СН Осигурителен брокер АД Битола“ претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети. СН Осигурителен брокер е компанија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Тоа е однос кој се темели на меѓусебна доверба и партнерство.“-вели Главниот извршен директор Зоран Пејчиновски.

Бројот на клиенти на компанијата расте секоја година. Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува во континуитет во текот на овие седум години се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на целиот тим. СН Осигурителен Брокер е синоним за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на услуги кои што ги нуди и постојано инвестирање и вложување во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено се грижи за клиентите.“-посочува Пејчиновски.

Покрај Пејчиновски и Кондовски, првите вработени во СН Осигурителен Брокер во декември 2014 година беа Николина Таневска и Александра Кулевска, кои денеска со задоволство се сеќаваат на почетоците на компанијата и ентузијазмот со кој започнале, а за кој велат дека сега е уште поголем бидејќи успесите даваат мотив повеќе.

 

„СН Осигурителен Брокер АД Битола ја познава и постојано ја следи понудата и побарувачката за осигурување на пазарот, така што се фокусира да создава иновативни решенија и услуги се со цел да им го понуди најдоброто на клиентите, бидејќи нивното задоволство и лојалност се нашиот поттик и инспирација.“-вели м-р Николина Таневска, втор извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола.

„Лидерската позиција се должи на нашата активна вклученост во донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање. Фунционираме одлично бидејќи секогаш сме на страната на клиентите, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најважно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на обештетување. Осигурителните брокери се вистинскиот начин секој да дојде до добро и соодветно осигурување. Со нас осигурениците добиваат вистински партнер.“-вели Александра Кулевска, раководител на експозитури и администрација во СН Осигурителен Брокер.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани