2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Седниците на Советот на Општина Тетово започнаа да се пренесуваат во живо

Декември 03, 2021

Ветување: Директен пренос на седниците на Советот на Општината

[Извор:Официјална Фејсбук страница на Општина Тетово, датум: ноември 2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, која ја објави во јавноста на прес-конференција на 16 ноември, но и на официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, меѓу другото, вети „директен пренос на седниците на тетовскиот Совет што ќе започне уште на првата конститутивна седница на Советот“. Ова негово ветување е исполнето. Конститутивната седница на Советот се одржа на 18 ноември и таа се пренесуваше во живо преку официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово.

Градоначалникот Касами од говорницата во салата на Општина Тетово каде се одржуваат седниците изјави:

Ќе ги оствариме сите програмски точки што ги ветивме, па и ова ветување, а со цел да има поголема отченост.  Инсистираме на квалитетни услуги за сите граѓани,  во оваа насока ќе бараме отчет од сите директори и ќе се залагаме општината да биде отворена за јавноста. Па, затоа денес имаме директно пренесување на конститутивната седница на Советот.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_kasami-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-111687 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Биљал Касами градоначалник на Општина Тетово  Фото: Вистиномер

Новиот претседавач на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши истакна дека пренесувањето во живо на седниците на Советот, освен што е дел од програмата „100 дена Општина Тетово“, преставува и барање на независната листа на советници, а сè со цел поголема транспарентност и отчетност на локалната самоуправа.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_durmishi-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-111691 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Бесар Дурмиши новиот претседател на  Советот на Општина Тетово        Фото: Вистиномер

Па, со оглед на тоа дека седниците на Советот на Општина Тетово започнаа да се емитуваат онлајн преку официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, ова ветување на градоачалникот Биљал Касами дадено во програмата „100 дена Општина Тетово“, го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Зоран Димовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани