2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се отстрануваат столбовите на велосипедската патека во Тетово

Декември 03, 2021

Ветување: Отстранување на столбови (сигнализација) за велосипедска патека

[Извор:Официјална Фејсбук страница на Општина Тетово (точка број 7), датум: ноември 2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, која ја објави во јавноста на 16 ноември на прес-конференција, но и на официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, вети дека ќе ги острани столбовите долж булеварот „Илинденска“, со кои е обележана велосипедската патека. Реализацијата на ова негово ветување е во тек.

На 17 ноември екипи на терен започнаа да ги острануваат столпчињата, а Касами пред медиумите изјави:

Во 100-дневниот план што го презентиравме пред пошироката јавност, е и отстранувањето на столпчињата на велосипедската патека, бидејќи тие се поставени спротивно на законот. За отстранувањето на столбчињата имаше донесено и решение од судот дека се незаконски, а ние тоа решение треба да го спроведеме.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_ostranuvanje-na-stolbchinja-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-111760 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: Вистиномер

Столпчињата долж булеварот „Илинденска“ во Тетово беа поставени во април годинава. Тие го одвојуваа коловозот каде на едната страна се движеа возилата, а мал дел од десната страна од сообраќајницата ја користеа велосипедистите.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_stolbchinja-2-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-111763 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: Вистиномер

За неа имаше реакции на социјалните мрежи дека е небезбедна, тесна, на некои места и не е проодна затоа што имаше поставено контејнери, а често патеката ја имаа узурпирано и паркирани возила.

 

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_velosipedska-pateka-april-2021-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="wp-image-111712 size-full b-loaded" style="display: inline-block;" />
Велосипедска патека (април 2021) Фото: Вистиномер

Со оглед на тоа што деновиве се работи на терен и столпчињата на оваа патека се острануваат, ова ветување на градоначалникот Касами има оценка „во тек“.

ИЗВОРИ:

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани