2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА СТАНА ДЕЛ ОД ИМПРОВИЗИРАН ОЛТАР

Април 29, 2018

На споменикот на Филип Втори денес му се случи ново чудо. Откако пред две години го претворија во лампион, денес стана дел од олтар. Група граѓани пред него поставија икони со Богородица и Исус, крстови и скалите од постаментот ги покрија со теписон како да се во црква.

Апла.мк не успеа да дознае од каква манифестација беше дел ваквата преобразба на плоштадот каде се наоѓа коњаникот. Но, на фотографијата има и гитара што укажува дека декорот бил дел од нечиј настап.

Граѓаните со различни реакции за настанот. Едни прашуваат дали кој сака и што сака може да поставува во центарот на градот. Други коментираат дека икони не може да се ставаат до споменици кои симболизираат лица многубошци, а трети дека и Филип Втори и верата се дел од македонската самобит.

Споменикот беше подигнат пред седум години од страна на претходната локална власт на Битола. Филип Втори на животи видел многу битки, а неговиот споменик многу бои и намени. Откако е поставен, сведок е на бројни протести и партиски митинзи. Тие му се најчести во агендата. Има само седум години, а доживеа бурна историја. „Шарените“ го боеа, други го чистеа, поранешните градските власти едно време  го претворија во лампион да го заштитат од атмосферските влијанија, сега  служи како збирно место за протестите поврзани со зачувување на јазикот и името. Едни му испишаа недолични цртежи  и зборови, а други му прикачија знаме да ги води. Коњаникот во срцето на градот е уште еден доказ за поделеноста на народот. 

ЗАБРАНЕТО Е ПРЕЗЕМАЊЕ НА ТЕКСТОВИ И ФОТОГРФИИ БЕЗ ДА СЕ ПРЕНЕСЕ ИЗВОРОТ!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани