АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со порака никогаш да не сe повтори, најблиските, роднините, пријателите, колегите, здруженија на граѓани, претставници на Советот на општина Битола, политички партии, денеска ја одбележаа 17 годишнината од масакрот кај Вејце, каде во конфликтот 2001 година во заседа свирепо беа убиени осуммина припадници на безбедносните сили на Македонија, од кои четворица битолчани-Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски. Присутните се поклонија и одадоа почит на двата споменици во Битола-во кругот на СВР Битола и споменикот „Ангел“ кај градскиот часовник, посветени на бранителите
-Тажен ден за Битола, тажен ден за сите нас кои учествуваме во конфликтот во 2001 година. Од тука, пред овој споменик им порачуваме на сите да не мислат повеќе со оружје во рака да ги решаваат проблемите,туку само по мирен пат. Да има мир, соживот во оваа наша Македонија, рече Сашо Гилевски, бранител.
Масакрот се случи откако конвојот на македонските бранители беше нападнат од заседа на патот меѓу селата Селце и Вејце на Попова Шапка, на 28 април 2001 година околу 17:45 часот.