2win800x200

Решение на проблемот со „корзото“ на пазарџиите низ дворот на Техничкото училиште?!

Април 27, 2018

Изградба на оградена патека која ќе минува вдолж дворот на Техничкото училиште, е едно од решенијата на проблемот со „корзото“ низ овој простор што го практикуваат пазарџиите на Новиот пазар во Битола. По отворањето на проблемот, за кој пишуваше апла.мк, со секојденевното користење на дворот од страна на граѓани кои поминуваат  пеш, со велосипеди или мотори, или пак, го користат  како паркинг за автомобилите,  денеска на терен излегоа комунални инспектори од Општина Битола.

Тие заедно со директорот на училиштето Владимир Роме, ја разгледуваа можноста за оградување на патека за непречено движење на граѓаните  од пазарот кон околните згради без да влегуваат  на спортските терени на Техничкото.

 

-Се бара решение на проблемот, кое што треба да биде целосно и да помине низ правни и административни филтри, дотогаш ќе биде оставен преминот низ оградата на Техничкото училиште , со тоа што ќе се интервенира  низ него да се минува само пеш, а  не  и со велосипеди и мотори. За оваа иницијатива претходно писмено ги информиравме одделот за комунални дејности на Општина Битола и СВР-Битола, вели директорот на СОТУ „Ѓорги Наумов“, Владимир Роме.

Овој проблем и е добро познат  и на градоначалничката Наташа Петровска,  додека  работеше како професор во школото и, беше дел од училишниот одбор кој пред неколку години побара решавање, но бившото раководство на училиштето не покажа интерес  за надминување на состојбите.

Како што претходно информиравме, училиштето заради безбедносни причини на учениците и вработените реши да ги и затвори и огради сите  диво отворени премини  кои од Новиот пазар водат низ дворот на училиштето до околните згради. Граѓаните минуваат низ спортските терени каде се одржуваат часови по физичко воспитување, па често минувачи влегуваат во вербални расправии со  учениците  ако случајно ги погодат со  топка. Па така училиштето деновиве со сопствени средства обнови и затвори дел од металната ограда.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани