АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, битолската болница, една градинка и едно социјално загрозено семејство од Битола, денеска добија четири телевизиски уреди како донација од ЈП „Водовод“-Битола и приватната фирма за трговија и услуги „Џамбо Пет“-Битола во соработка со Општина Битола. Од Општината училиштето доби и географска релјефна карта на Република Македонија.
-Политика на локалната самоуправа треба да биде да се вложува во младите и во условите во кои тие се едуцираат. Денеска донираме телевизор во училиштето и географска карта, сакаме да ги подобриме условите и сакаме да покажеме дека ова е насоката по која што треба да се движиме во наредниот период. Оваа денешна иницијатива треба да биде импулс повеќе како треба да работи Општината меѓутоа и сите стопанственици во оплеменувањето на условите за нашите ученици, нови генерации, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Со оваа донација ја потврдуваме нашата одговоност и однос кон граѓаните и општеството воопшто, велат од ЈП „Водовод“-Битола.
-Јавното претпријатие „Водовод“, кое работи во интерес на граѓаните одвојува средства кои ги донира за граѓаните, помага и на поединци и здруженија. Денеска во соработка со приватната компанија „Џамбо Пет“ заедно донираме четири ТВ уреди и одлучивме тоа да го направиме заедно со Општина Битола, бидејќи таа ги знае најдобро барањата и потребите на граѓаните. Така се вклучивме заедно да ја поделиме оваа донација, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“-Битола .
Донацијата ја прими ве-де директорката на ОУ „Александар Турунџев“ Бранка Лазаревска, потврдувајќи дека телевизорот и картата ќе бидат во функција на воспитно-образовниот процес и нагледните средства во школото каде учат 216 ученици, дел се во централното училиште, а дел во 6 подрачни училишта.