Пуштен во употреба новиот модерен пазар во Демир Хисар

Април 27, 2018

Во употреба пуштен е новиот, модерен, регионален пазар во Демир Хисар на кој би им позавиделе и поразвиени општини.  Проектот и реализацијата се на Центарот за развој на Пелагонискиот плански реион. Средства од 6 милиони денари беа вложени преку Министерството за локална самоуправа и  Бирото за регионален развој. Со пазарот ќе стопанисува комуналното претпријатие од Демир Хисар. 20180427 101900

" Трговијата со регионални земјоделски производи е значаен потенцијал на регионалната конкурентност на Пелагонискиот регион. Со новиот пазар се овозможува поефикасна и поквалитетна трговија на земјоделските производи што ќе доведе до зголемени приходи на земјоделските производители" , рече Гого Видимче , директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. 

Тој додаде дека со овој проект е извршена темелна реконструкција на стариот пазар, поставени се потпорни ѕидови со површина од 450 метри квадратни, нова челична ограда од 205 метри, поплочување на целиот пазар со бехатон плочки на површина од 550 метри квадратни и поставени се 48 тезги од метален профил. 

"Поставена е и нова електрична инсталација, осветлување и нова атмосферска канализација. Со еден збор Демир Хисар доби современ пазар на кого би позавиделе и многу поразвиени општини", рече Видимче. 

Градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски рече дека од новиот пазар бенефит ќе имаат и околните општини. 

"Во градскиот пазар во Демир Хисар е изграден и тоалет  од 99000 денари, а Општината учествуваше со сопствени средства и во изградбата на пазарот со 125 000 денари, рече градоначалникот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани