2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола со еднонеделна предновогодишна програма на една локација во градот

Декември 10, 2021

Општина Битола, годинава одлучи да има програмски претпразничен концепт кој една недела пред почетокот на празниците на граѓаните ќе им понуди содржини на една локација, кои ќе претставуваат спој на осмислена програма и наменско украсување на локацијата, со можност за промоција нa комапнии со услуги кои асоцираат на празниците и духот кој тие  го носат.

Програмата, за која од денес е објавен јавен повик, ќе ги вклучи предлозите и идеите на битолчани, каква програма би понудиле за овој претпразничен проект, а истите ќе бидат вклопени согласно условите кои ги наметнува пандемиска борба со КОВИД 19 и енергетската криза. 

„Имајќи ја предвид состојбата со која моментално се соочуваме, Општина Битола, годинава одлучи да реализира новогодишни активности со кои ќе се создаде пријатна и малку поинаку конципирана програма, со цел новогодишната радост да допре до граѓаните. Програмските содржини ќе произлезат од предлозите кои ќе бидат доставени на јавниот повик објавен денеска, а новогодишното украсување ќе ја следи новогодишната програмска концепција и нема да значи декоративно оптоварување по секоја цена или користење на застарени реквизити кои и естетски и по потрошувачка на енергија не се соодветни, туку складно разубавување, на одредена локација, кое ќе внесе новогодишна магија во секојдневието во кое живееме. Верувам дека, како локална самоуправа водена од принципот на одговорност во овие услови, со ваквиот нов пристап, ќе успееме да создадеме посебна новогодишна приказна за Битола“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Предлозите за учество во новогодишната програма, може да се доставуваат во следните седум дена на мејл адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а најдоцна до 17.12.2021 година. Дел од иницијативите  и доставените предлози, ќе ја креираат овогодишната програма, додека барањата  и предлозите за кои ќе биде утврдено дека го отсликуваат интересот на поголем број граѓани, ќе бидат разгледани како можност за вклучување или реализација преку идните програми за култура на Општина Битола.

„Преку креирање програма по мерка на секој граѓанин, се воведува нов пристап во работењето на локалната самоуправа, при што им се овозможува на сите жители на општината, рамноправно да учествуваат како творци и корисници во културата и културните случувања, што претставува и една од основните цели на програмата за култура“, соопштија од Општина Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани