АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Со денешната одлука на Уставниот суд, повеќе нема никакви законски пречки и можам со задоволство да објавам дека автопатот Битола-Прилеп ќе стане реалност. За сите оние скептици кои прашуваа што сме направиле за Битола како Влада? За што се залагал министерот од Битола? Ете, ова е една од работите за кои долго време работевме и која ќе стане реалност.
Остануваат за реализација и останатите важни капитални работи за градот, за Пелистер и за регионот, кои за брзо време ќе станат реалност, а не се направиле во изминатите 30 години.
Ова е влог за идните генерации! Битола се сака со работа и со дела! Ние ќе работиме, а другите нека критикуваат, но нека се запрашаат што направиле за Битола“, напиша министерот за локална самоуправа Горан Милевски на неговиот фб портал.