АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зимската служба од утрово е на терен, соопштија од Општина Битола. На подрачјето на поранешната општина Цапари, досега наврнаа околу 25 сантиметри снег. КЈП Нискоградба и нивните подизведувачи со соодветна механизација, како дел од зимската служба на Општина Битола вршат расчистување на снегот. Во моментот на терен се чисти со два камиони со посипувач и нож, ровокопач со нож за снег и еден трактор со нож за снег. Доколку биде потребно, во текот на денот ќе бидат ангажирани дополнителни екипи со соодветна механизација.
Со досегашната интервенција на екипите на зимската служба, исчистени се патиштата во селата Ѓавото, Лера, Рамна, Српци, Доленци, Цапари, Ротино и Маловишта.