АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непознати сторители во текот на ноќта откорнале две клупи од пешачката патека над Ленски мост и ги фрлиле во Драгор. Битолачни беа разочарани од глетката и коментираа на кого му пречеле клупите, да ги открини и фрли в река. Тие беа поставени пред две и пол години кога локалната самоуправата улицата од Ленски Мост до поранешна Хигиена ја претвори во пешачка зона и ја забрани за сообраќај. Урбаната опрема им овозможуваше на минувачите да можат да седнат и да уживаат во старата чаршија. Но, очигледно за некои битолски ванадали поважен е деструктивниот набој отколку грижата и заштитата на градот. Срамно!