2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Двојно повеќе умрени од родени во Пелагонискиот регион

Декември 12, 2021

Во Пелагонискиот Регион во 2020  имало двојно повеќе умрени од родени лица. Ова се дел до крајно загрижувачките податоци што ги објави Заводот за статистика поврзани со демографските состојби, во публикацијата „Регионите во Република Северна Македонија“. Пелагонискиот Регион, кој опфајќа девет општини, меѓу кои и Битола и Прилеп кои се вбројуваат меѓу најголемите во земјава, е прв по број на умрени според податоците до 30 јуни 2020 година, а по новородени бебиња втор од назад од осумте регионални целини.

 

Тоа е показател дека овој во регион, иако е главен снабдувач со храна и електрична енергија во земјава, никако да запре процесот на иселување на населението, а со тоа последователно на страеење.

Според објавените податоци, бројот на умрени на илјада жители е највисок во Пелагонискиот Регион и изнесува 16,6, а зад него се сите останати седум региони Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Скопски, Полошки и Североисточен. Двојно помал е бројот на родени бебиња од умрени лица, на илјада жители изнесува 7,9. Помалку бебиња има само Источниот Регион, кој има за 52.000 жители помалку од Пелагонискиот.

 

Битолчани со години алармираат на депопулацијата на населението.

„Не се случило досега во Битола да има празен дуќан на Широк Сокак. Во изминатите две години на дел од дуќаните стојат плакати дека се изнајмува. Во чаршијата, пак, секој трет дуќан е празен. Иселувањето имаше земено таков замав, што ако не беше пандемијата со ковид-19 денес ќе имавме уште попоразителни бројки“, вели Михајло Ивановски, долгогодишен дуќанџија во Битола.

Пелагонискиот Регион е меѓу првите во земјава со висок индекс на страеење, а исто така меѓу оние до најнизок природен прираст. Заедно со Источниот Регион го заземаат првото место во Македонија по население на возраст над 65 години. Со помладо население до 14 години, Пелагонискиот Регион е шести меѓу осумте. Заедно со Источниот се двата региони со највисока просечна страост кај жителите.

Битола, која е дел од Пелагонискиот Регион, со историја како град на клавирите, културата, конзулите, серенадите, денес е со повеќе бастуни отколку колевки.Градот има печалбарска традиција, но вакви поразителни податоци, не се паметат досега.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани