
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од оваа година, Општина Битола, токму како поттик за младите генерации, преку програмата за култура, а по повод чествувањето на Свети Нектариј Битолски, воведува награди за талентираните ученици, кои со својот неуморен труд, постојано го збогатуваат своето знаење, а за тоа имаат одредени признанија.
Јавниот повик за оваа намена ќе биде објавен на почетокот на идната година, со точно утврдени критериуми за пријавување.
„Целта на ваквиот пристап е да ги насочиме младите на вистинскиот пат, да ја поддржиме трудољубивоста и да дадеме придонес за наш заеднички напредок. Само преку добро образовани деца, можеме да зборуваме за добри лекари, професори, архитекти, експерти во својата област, кои ќе продолжат да ја создаваат иднината на градот во кој живееме. Нека денот на заштитбујит на градот не заштитува сите нас“, реше градоначалникот Коњановски.