Општина Битола највува дека има обезбедено средства за обнова на опажарениот планинарски дома Копанки.
Градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на советот Габриела Илиевска заедно
со членовите на ПСК Пелистер ќе имаат работна средба и дружење на
Копанки.
-Средбата е отворена и за сите добронамерни жители на Битола кои сакаат
да слушнат изворно кои се конечно плановите со домот кој несреќно се
користеше како локација за различни кампањи, како план и проект сите
изминати години од опожарувањето, без да се направи ниту еден напор за
негова обнова.
Во буџетот за 2022 се одвоени средства за реконструкција на домот
Копанки, 9 години после опожарувањето и ова е средба на која иницијално
го започнуваме проектот кој сите го очекуваа со години, неговата обнова.
Ова е и покана за секој заинтересиран денес во 13.00 да се приклучи во
работната средба со чај на Копанки, кој наскоро го враќаме во полн сјај,
како што заслужува и Пелистер и сите оние кои го сакаат вистински соопштија од Општина Битола