2win800x200

Наградата за новинарство пријатно ме изненади-Васка Младеновска наградена на „Битолските оскари“

Декември 25, 2021

Наградата за новинарство пријатно ме изненади, и чувството не може да се опише ....15 години сум во новинарската професија, ја почнав од моите рани дваесетти години, вели Васка Младеновска, новинар, уредник на Битолски весник која синоќа на свечена церемонија ја доби наградата на матичниот медиум Битолски весник  за достигнување во новинарството во 2021 година. На „Битолски оскари“, како што битолчани милуваат да ја нарекуваат манифестација на Битолски весник за најуспешни битолчани во тековната година досега многумина искатнати битолски новинари се закитиле со истата награда. И Васка Младеновска синоќа блесна на „Оскарите“.

-Наградата ја доживувам како сатисфакција за иновативните проекти кои ги реализиравме со дигиталното издание на Битолски весник, и интернет телевизијата Б 97 која што поради пандемијата не работи со полн капацитет, но очекувам да се етаблира во медиумскиот простор, вели Васка за Апла.мк. 

Нема достапен опис

Новинарството е неистрчан маратон за Младеновска која е едена од најмалдите по возраст новинари во Битола.
-Жал ми е што состојбите во медиумите се мошне тешки, но тој што ја помирисал печатарската боја, полесно ги совладува тешкотиите и предизвиците.  
Но, мене новинарската професија целосно ме исполнува. Да се биде на чело на најстариот локален весник во државата е голема чест, но и голема обврска... Весникот да опстои, вели Младеновска, добитник на наградата на Битолски весник за достигнување во новинарската професија во изминатата 2021 година. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани