АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Филџанот кој е повлечен од кружниот тек кај Педагошкиот факултет во Битола беше даден на репарација, дознава Апла.мк. По завршувањето на зафатот се очекува од утре ЈП Комунлаец да го постави повторно на кружниот тек. Скулптурата со филџан кафе беше поставена пред повеќе години, за време на екс градоначалникот Владимир Талески, како обележје на Битола -град каде е обичај да се пие кафе. Поради оштетувања од атмосферските влијанија филџанот беше оштетен и мораше да се репарира. Ќе биде повторно вратен на старото место.