2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бинтерн не знае за роднински и партиски врски при вработување- платформата ја измисли студенот Димитар Митревски

Јануари 17, 2022

Потешкотиите со кои се соочи Димитар Митревски, студент од четврта година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, при наоѓањето пракса која беше задолжителна за да го запише следниот семестар, го поттикна на многу креативна идеја. Создаде онлајн платформа Бинтерн која ги поврзаува студените и работобарателите со компаниите за пракса и работа. Оваа моќна интернет платформа овозможува квалитетот на студените да биде пресуден, а да се занемарат било какви роднински, партиски, пријателски влијанија и слично кои со години го назадуваат процесот на вработување во земјава и ги тераат квалитетните кадри да одат во странство.

Бинтерн овозможува поврзување со студенти од 19 универизитети во земјава каде секоја година во просек се запишуваат по 57 000 студенти со над 140 регистрирани компании за праска и вработување кои активно ја користат платформата..

„ Главната причина за започнување на ваква платформа беше олеснување на процесот на барање на пракса, односно од една страна студентите да имаат голем број на огласи за пракса, а од друга страна компаниите да имаат пристап до голем број на студенти. Проблемот кој го имав при пронаоѓање на пракса како студент беше и се̍ уште е главен мотив за оваа платформа, со цел другите студенти да може да го надминат истиот со користење на платформата. Имав потешкотии да најдам пракса која беше задолжителна за запишување на нареден семестар. Задолжителната пракса е многу важна бидејќи без практично искуство многу тешко дека некоја компанија ќе те вработи“, вели Митревски.foto bintern

Филтери за наоѓање најдобрите студенти и најквалитетните кадри

Платформата е еден вид мост помеѓу компаниите кои имаат потреба од кадар и студентите кои се во потрага по пракса или работа. Суштинското во платформата е што со креирање на профил од страна на студентот и со поставување на неговото CV тој е достапен за увид од страна на голем број компании кои се во потрага по кадар. Покрај тоа што неговиот профил е достапен за компаниите, тој исто така може да бара компании, аплицира на нивните огласи и да остави препорака за компанијата на која тој бил на пракса со цел идните практиканти да знаат што се случувало во таа компанија. Студените во секое време може да добијат покана за интервју, а придобивка се и континуирани известувања и информации поврзани со пазарот на труд, односно нови огласи, блогови за кариерно советување и друго.

„Јас сакав да одам на пракса и претходните години дури студирав, но не знаев каде да барам. Сега со Бинтерн е многу полесно за наоѓање. Секое искуство е корисно, секогаш е подобро за во иднина при аплицирање на работа да имаш што да напишеш на своето CV. Покрај тоа добиваш шанса да видиш како е да работиш во компании со тимови, да се соочиш со клиенти и потоа да одлучиш дали тој тип на криера е за тебе или не“, вели Ангела Босилковска, студент на Факултетот за информациски и комуникациски технологии во Битола, која на страницата на Бинтерн е посочена како успешен пример за студент.dimitar toj od desno

50 студенти успешно се поврзаа со компании

„Она што последно успеавме да го измериме е дека околу 50 студенти/кандидати успешно се поврзаа со компании и ја започнаа нивната кариера. Она што би сакал да додадам тука е да ги повикам компаниите да се приклучат на платформата, бидејќи има голем интерес од страна на студентите за посетување на пракса, а главната цел на платформата е и вработување преку пракса“, вели Митревски.

Во моментов на Бинтерн има над 150 огласи за паркса и вработување. Им се пружа помош и на компаниите да искреираат впечатлив оглас, а при тоа да заштедат два пати повеќе време и пари отколку со друго огласи. Воедно првиот оглас е бесплатен. Овозможено е со соодветни алгоритми да се пребараат и издвојат најдобрите кандидати кои потоа фирмите можат да ги поканат на интервју.

На платформата www.bintern.com можат да се најдат и совети како апликантите да се однесуваат за време на интервју, како студентите да креираат свој профил, како да аплицираат на огласи. До платформата се пристапува многи лесно, а употребата е едноставна, за разлика од други странци кои бараат комплицирани најави и прбарувањето се одвива бавно.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани