2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Хитовите на Синатра синоќа на романтичен концерт во Битола

Февруари 13, 2022

LOVE O’CLOCK • Fly me to the Moon беше насловот на концертот што синоќа се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола. Вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра.

“Еден Оскар, 13 Греми награди, 58 снимени филмови и преку 250 милиони продадени плочи се нешто што можеше во само еден живот да го доживее Френк Синатра. Од неговата смрт поминаа 24 години, но неговата музика инспирирана од љубов, стана безвременска. Секоја година правам годишен концерт во зимските месеци и секогаш имало по некоја негова песна на мојот репертоар, но овој пат одлучив да направам целовечерен концерт со неговите љубовни рефрени”-истакна Јасна Димитровска.

Пред неколку години, во Битола се возобнови Битолскиот дувачки оркестар кој на репертоар има од класици до современи композитори. Со него раководи Марјан Бакревски.

“Секој наш концерт е различен и во тоа е убавината да се живее музиката на сцената. На овој проект со Јасна работевме два месеци и резултатот синоќа беше евидентен, го прикажавме музичкиот живот на Синатра, на негов начин со лет до месечината”-истакна Бакревски.

Публиката уживаше во 90 минутниот концерт, спонзорите им приредија изненадувања на публиката, а таа ги награди уметниците со долги аплаузи и враќање два пати на бис.271963508 1329954077470005 1739657850755458145 n

272805391 678120546659475 3289166223684945215 n

272878960 4849431728475459 6665242801765923239 n

272707281 1146372819441940 7347360628068226291 n

273037235 472930857659077 1727544244014946996 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани