2win800x200

Милевски го нарече „штетник и срам за Црквата“ владиката Агатангел

Февруари 14, 2022

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска, на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун,  го нарече вулгарен настапот на владиката Агатангел.

-Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже тоа. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани, рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.Според него, како што „црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел наштетува“.

-Го величеше лидерот на опозицијата Мицкоски. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се гордее со неговата поддршка, тогаш нека му е на чест, рече Милевски за контроверзниот говор на владиката.

Владиката Агатангел на настанот рече-Господин Мицковски с еона што го дадовме верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог , спасителот Исус Христос и мајката божја Богородица која е заштитничка на оваа света македонска земја  ќе му помогне него и на сите негови сорабоници за се она што е наше свето македонско, национално ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Макдеонија национално да ја одредува судбината на нашата македонска земја, рече владиката Агатангел. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани