
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Милевски синоќа ја достави кандидатура за градоначалник на Битола во централата на партијата. Денес, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола.
На 29.08.2021 во СВР Битола, 47-годишен маж од Битола пријавил дека околу 20.40 часот, додека бил во патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки на ул.„Димче Лахчански“ во Битола со уште едно лице, залутано зрно од оружје удрило во предното ветробранско стакло. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со проекцијата на документарнот филм ,,Манаки - приказна во слики“, на Роберт Јанкулоски, синоќа во салата на Кино Манаки беше одбележана 100 годишнината од
првата кино проекција на браќата Манаки, одржана во летна кино бавча.