2win800x200

Уличните кучиња во Битола ги заловува Шинтерската служба при ЈП „Комуналец“, а потоа се носат во стационар, па на ветеринарен лекар, на крај со маркица на уво се пуштаат назад, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски запрашан како постапуваат со бездомните кучиња.

„Се она што е во законските обрски на Комуналец. Имаме Шинтерска служба која ги заловува кучињата и по барање на граѓани и самостојно на локации кои вработените ги процениле. Потоа ги сместуваат во нашиот стационар кој се наоѓа во близина на зоолошката градина и Буковските гробишта. Од таму имаме обврска да ги носиме кај ветеринар кој соодветно постапува со нив и му става маркица. Потоа, кучето го враќаме на местото каде што сме го заловиле. Затоа граѓаните често пати гледаат кучиња по улици, но гледаат и дека имаа маркици што значи постапуваме по нашите законски надлежности“, рече Богоевски.

Тој додаде дека сакаат да излезеат во пресрет и на оние кои се љубители и оние кои се жалат на кучињата, но има несовесни граѓани кои ги кршат катанците и ги ослободуваат кучињата од стационарот. За тоа ја информирале и полицијата.

Започна реновирањето на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното игралиште во Битола.

На прва борбена линија медицинскиот тим од Одделението за ургентна медицина во Клиничката болница во Битолa, за што потврдува фотографијата што ја објавија на ФБ. 

На следната седница на Советот на Општина Битола,  која ќе се одржи во четврток на 21 мај, како точка на дневен ред ќе се најде одлуката за основање на јавна општинска установа за култура. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани