Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 10 нови случаи на COVID-19:
- 7 во Битола (лица на возраст од 3 месеци до 73 години, две лица даваат податок за контакт со позитивно лице, две лица се детектирани при скрининг при влез во клиника во Скопје, истите се асимптоматски за COVID-19, а три лица не даваат податок за контакт со позитивно лице)
- 3 во Кичево (лица на возраст од 32, 43 и 62 години, само едно лице дава податок за контакт со позитивно лице)
Во Ресен и Д.Хисар денес нема новорегистрирани лица.
Денес се регистрирани и 5 оздравени лица (2 од Битола и 3 од Демир Хисар).