2win800x200

Уште еден новозаболен од коронавирус во Битола

Август 24, 2020

 Заклучно до денеска во Битола се потврдени 197 позитивни на КОВИД-19, од нив активни се 49 случаи. 

Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:

- Скопје 28
- Куманово 5
- Дебар 4
- Прилеп 8
- Тетово 4
- Битола 1
- Охрид 1
- Кавадарци 2
- Гостивар 8
- Радовиш 1
- Кочани 2
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 1
- Берово 4
- Делчево 3
- Кичево 3
- Неготино 2

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од:
- Скопје 13
- Прилеп 1
- Велес 2
- Гостивар 9
- Кочани 2
- Македонски Брод 3
- Свети Николе 1
- Кичево 9

Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани