2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ИЈЗ денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на  03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија.  

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола . Истото повеќекратно  наназад било хоспитализирано на КДБ  поради компликации во склоп на  основните заболувања : Остеохондродисплазија  , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.

 

 
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 10 нови случаи на COVID-19:

Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола поднесоа кривични пријави против три лица за случајот со оставеното бебе пред влезот од Домот за доенчиња во Битола на втори јули годинава. Пријавите се поднесени против малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против  17-годишната мајка од Желино. 

Во Тетово е откриена мајката на напуштеното бебе, потврдуваа од полицијата во Битола за апла.мк. Таа е се уште малолетна и за неколку месеци  ќе  наполни 18 години.Штипката од папочната врца како и алката што бебето ја имало по породувањето, беа првата трага за откривањето каде било извршено породувањето и која е мајката на бебето.Случајот сега ке го превзема  Центарот за социјални работи од Тетово  во соработка со Центор од Битола.Во неделата ноќта бебе старо само неколку дена од две машки лица беше оставено во раце на битолчанец  да го предаде  во Домот за донечиња во Битола. Тоа е згрижено и се наоѓа во добра општа состојба.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани