2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Мајката на напуштеното бебе е од Тетово

Јули 06, 2018

Во Тетово е откриена мајката на напуштеното бебе, потврдуваа од полицијата во Битола за апла.мк. Таа е се уште малолетна и за неколку месеци  ќе  наполни 18 години.Штипката од папочната врца како и алката што бебето ја имало по породувањето, беа првата трага за откривањето каде било извршено породувањето и која е мајката на бебето.Случајот сега ке го превзема  Центарот за социјални работи од Тетово  во соработка со Центор од Битола.Во неделата ноќта бебе старо само неколку дена од две машки лица беше оставено во раце на битолчанец  да го предаде  во Домот за донечиња во Битола. Тоа е згрижено и се наоѓа во добра општа состојба.

 

Неофицијално приказната започнала кога пред зградата на Основниот суд во Битола, во центарот на градот, непознати мажи со автомобил  запреле  на тротоарот маж од ромската националност со цел да го распрашаат каде е  Домот за посвојување на деца. Мажот отишол  со нив во автомобилот  да им ја покаже локацијата.

Наводно според кажувањето на битолчанецот, бидејќи веќе се наближувало полноќ, мажите излегле со бебето од автомобилот и се упатиле кон вратите на домот, но таму почнале силно да тропаат на врата, па дежурните вработени исплашени и откако не се разбрале во комуникацијата повикале полиција. Двајцата мажи во тој момент за да побегнат од полицијата му го оставиле бебето во рацете на битолчанецот и  заминале во непознат правец.

Полицијата дошла веднаш  на повикот, ама го затекнала само битолчанецот. По ова били повикани социјалните служби и детето било однесено на преглед во Детското одделение во болницата, каде освен мала дехидрираност , било констатирано дека неговото здравје не било загрозено.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани