2win800x200

              Градска Битола има свое средсело, а исто така слави градски и селски Велигден. Овој народен обичај стар со векови бил настан на годината во една од најстарите битолски населби, Генимаале. Недела после Велигден, на верскиот празник Источен петок- Балаклија, во градот доаѓале гости од селата, се одржувал голем народен собир, а песни и ора ечеле до раните зори. Обичајот со цела негова етнолошка и фолклорна убавина од заборав ја спаси истакнатиот етнолог Валентин Соклевски со сценската адаптација на „Градски- селски Велигден“ во траење од 45 минути.

Под мотото “Традицијата живее со хуманост” беше организирана регионална Велигденска трпеза, во Битола, на која учествуваа општинските комитети  на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и на Прилеп, Крушево,Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, а присуствуваше и ИК на УЖ, која ја одразува традицијата на македонската жена и нејзините вештини во подготвувањето на храната, но и хуманоста, да им се обезбедат среќни празници и поддршка на оние кои им е најпотребна.

Претседателката на УЖ НА ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова порача - „Македонската жена, знае успешно да се справува со сите предизвици, во јавниот живот, активна и бескомпромисна во нејзиниот политички ангажман, но целата енергија ја црпи од својата традиција на вредна домаќинка, семејните традиции, кои се потпираат на хуманост, помагање и поддршка“.

Присуството на претседателката Рангелова во Битола, искористено и за работна средба со УЖ ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

un zeni2

un zeni3

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани