2win800x200

Автомобил марка „југо“ претпладнево падна  во реката Драгор,а според очевидци во автомобилот немало возач. 

Несовесни граѓани секојдневно се ослободуваат од непотребните предмети фрлајќи ги во реката Драгор. Денеска некој фрлил стар телевизор, а во коритото често може да се забележат апарати за домаќинство, мебел и друг отпад. 

Реката Драгор во Битола  е место каде некои граѓани често ја покажуваат својата ниска еколошка свест, негрижа за животната средина и недостиг на елементарна култура.

Водата во реката Драгор денеска фрлаше пена, најверојатно загадена со хемикалии . Битолчани по којзнае кој пат  шокирани од несовесното однесување на  поединци или индустриски капацитети, бараат надлежните да поведат истрага и да ги казнат сторителите.  

Реката Драгор многупати несовесни граѓани ја третираат како депонија, па во коритото завршуваат предмети, покуќнина, апарати за домаќинство кои веќе не се користат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани